Линкови за пристапност

Светски реакции за изборите во Ирак - 2005-01-31


Во Европа и Русија, неколкумина лидери кои беа против војната во Ирак им се придружија на САД во прогласување на гласањето за успешно.

Францускиот претседател Жак Ширак во телефонскиот разговор со претседателот Буш, кажа дека изборите се важен чекор кон ирачката реконструкција.

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер кажа дека Ирачаните заслужуваат признание што излегле на гласање и покрај опасноста од бунтовнички напади. Тој сепак ја повтори германската определба за неиспраќање трупи во Ирак.

Рускиот претседател Владимир Путин гласањето го нарече историски настан.

Пофални зборови за изборите во Ирак дојдоа и од азиските земји, вклучувајќи ја Кина која кажа дека се надева оти гласањето ќе донесе стабилност во Ирак.

Претседателот Буш и британскиот премиер Тони Блер ги поздравија вчерашните избори во Ирак, нарекувајќи ги удар за тероризмот.

XS
SM
MD
LG