Линкови за пристапност

Претседателот Буш изборите во Ирак ги прогласи за успешни - 2005-01-30


Претседателот Буш вели дека народот на Ирак испратил порака до светот од срцето на Блискиот Исток:

"Низ цел Ирак, денеска, мажи и жени ја презедоа контролата на која имаат право за судбината на својата земја, и тие избраа слободна иднина.“

Во куса изјава, емитувана од Белата Куќа, претседателот кажа дека Ирачаните ја покажале својата определба за изградба на слободна нација и вети натамошна американска помош, во процесот на движење напред:

"Терористите и бунтовниците ќе продолжат да ја водат својата војна против демократијата и ние ќе го поддржиме ирачкиот народ во нивната борба против нив", рече претседателот на САД.

Господинот Буш кажа дека сеуште голем пат кон демократијата да се изоди, но додаде дека Ирачаните се способни да го преземат предизвикот.

XS
SM
MD
LG