Господинот Блер имаше национално пренесувана изјава која вели дека силата на слободата се почувствувала низ Ирак на денот на изборите:
"Беше трогателно за нас, кои имаме среќа да живееме во демократија и ја земаме за дадена по себе, да го видиме ентузијазмот и едноставната определба, чиста храброст, кај милиони Ирачани кои излегоа да гласаат за прв пат во нивниот живот, и покрај тероризмот, и покрај заканите, и покрај опасностите", кажа господинот Блер.
Британскиот лидер исто така рече дека од ирачките избори ќе имаат корист сите земји кои се под закана од тероризам.
„Демократијата во Ирак не е добра само за Ирак. Тоа е директен удар во срцето на глобалниот тероризам кој се заканува со уништување не само на Ирак, туку и на Британија и практично на секоја поголема земја во светот“.
Господинот Блер, кој на домашен политички терен страдаше заради поддршката на САД во инвазијата на Ирак, вели дека Британија ќе остане ангажирана во помошта за растеж на демократијата во Ирак, во изградбата на ирачките безбедносни сили и дека ќе продолжи да работи на реконструкцијата на Ирак.