Линкови за пристапност

Нова детална тродимензионална мапа на топографијата на земјината топка  - 2005-01-28


Мисијата на спејс шатлот за испраќање радарски сигнали на површината на Земјата траеше 10 дена во 2000-та година. Но на техничарите им биле потребни четири години работа со најсовремени комјутери за да ги направат тродимензионалните мапи на земјината топка, наменети за секојдневна употреба. Во моментов се доработуваат површините на Австралија, Нов Зеланд и островите во Тихиот Океан.

Научникот од НАСА Мајкл Кобрик вели дека двата радара во шатлот собрале дигитални информации доволни за 15 милиони компакт дискови.

„Требаше сето тоа да го споиме и да направиме кохерентна тродимензионална мапа. Тоа не е ист процес со правењето мноштво фотографии кои ги добиваме од сателитските снимки. Се работи за многу посложена постапка, бидејќи треба да се биде многу повнимателен и поради тоа што во одредени случаи, зависи животот на луѓето.“

Спејс шаталот при секое орбитирање околу Земјата, од двата радари, поставени на меѓусебна оддалеченост од 60 метри, испраќал 1.500 сигнали за површина од 250 километри. На тој начин се покриени 80 проценти од Земјината маса.

НАСА вели дека на новите мапи за прв пат можат да се видат пространи региони од земјината топографија и со многу поединости.

Г-динот Кобрик смета дека тродимензионалните мапи ќе бидат корисни за научниците, инжинерите, владините агенции и на пошироката јавност.

На мапите е видлива земјината топографија на површина и до околу 100 метри, колку должината на едно фудбалско игралиште. Претставникот на НАСА вели дека вселенската агенција би сакала во иднина да ја подобри резолуцијата, така што на мапите можат да се видат детали големи колку еден автомобил, а се со цел, да се забележат промените на земјината површина со тек на времето.

„Она што сега го имаме се фотографии на планетата напаравени во интервал од една недела на почетокот на 2000-та. Она што можеме да сториме, е да ги споиме тие податоци со оние што ќе ги собереме во иднина од разни видови сателити, особено доколку во вселенета повторно имаме такви радари. Така можеме да откриеме промени во површината на Земјата и кога ќе стане збор за неколку сантиметри. Ова е важно бидејќи веруваме дека ваквите промени на поголеми површини се можни предвесници на земјотреси и вулкански ерупции.“

Новите топографски мапи можат да се купат на компакт дискови од Американскиот оддел за геолошки истражувања.

XS
SM
MD
LG