Линкови за пристапност

Потврдена номинацијата на Кондолиза Рајс на функцијата државен секретар  - 2005-01-28


Американскиот Сенат ја потврди Кондолиза Рајс на функцијата државен секретар на САД. Последните четири години доктор Рајс беше советник за национална безбедност на претседателот Џорџ В. Буш. Претседателот Буш ја опишува како „почитуван и добар јавен службеник“:

„Доктор Рајс и јас со нетрпение очекуваме да продолжиме понатаму. Со нетрпение очекуваме да работиме на тоа да обезбедиме Ирачаните да се здобијат со демократија; да осигураме и понатаму Авганистан да е безбеден од евентуално враќање на Талебан; да ја шириме слободата низ светот. Таа ќе биде одличен државен секретар.“

На распитот за нејзино потврдување во Сенатот, доктор Рајс изјави: „Светот станува побезбеден кога слободата победува“.

„Ниту е случајност ниту пак коинциденција што најголемите закани изминатиот век произлегоа од тоталитаристички движења. Фашизмот и комунизмот во многу нешто се разликуваа, но заедничка им беше омразата на слободата и фанатичниот став дека нивниот начин е единствениот, како и претераната увереност дека историјата е на нивна страна.“ „Предизвиците со кои денес се соочуваме не се помалку страшни“, кажа доктор Рајс“. “Америка и слободниот свет уште еднаш се ангажирани во долготрајна борба против идеологијата на тиранија и терор и против омразата и безнадежноста“.

„Американската дипломатија има три задачи. Прво, ќе ја обединиме заедницата на демократии во изградба на меѓународен систем базиран на заеднички вредности и владеење на правото. Второ, ќе ја зајакнеме заедницата на демократии за борба против заканите по нашата заедничка безбедност и ќе ја разбиеме безнадежноста што го храни теророт. И, трето, ќе шириме слобода и демократија низ светот“, вели таа.

Како што кажа претседателот Буш, САД се водени од убедувањето дека „ниедна нација сама не може да изгради побезбеден и подобар свет. Алијансите и мултилатералните институции можат да ја мултиплицираат силата на нациите кои ја сакаат слободата.“

XS
SM
MD
LG