Линкови за пристапност

vesti 28  - 2005-01-28


Ирак – Насилство

Во експлозија на бомба пред полициска станица во јужен Багдад загинаа најмалку четири лица.

Бунтовниците зачестија со напади врз ирачката полиција и владини лица во обид да ги попречат изборите во недела. Тие целат и на училишта и дуги објекти што ќе служат како гласачки места.

Изборите веќе започнаа за Ирачаните кои живеат во странство. Тие денеска гласаа во голем број западни и блискоисточни земји.

Израел-Палестинци

Илјадници палестински полицајци започнаа да се распоредуваат во јужниот дел на појасот Газа.

Палестинските власти соопштија дека безбедносните сили ќе бидат разместени во двете области каде насилствата се најжестоки – бегалскиот камп Кан Јунис и Рафах. Милитантите од таму гаѓаат со проектили врз израелските трупи и еврејските доселеници.

Кратко време по одлуката на Палестинците за зголемување на безбедноста, армискиот генерал на Израел Моше Јалон нареди сите трупи да ги стопираат операциите во Појасот Газа, во обласите каде се распоредени палестинските полицајци.

Израелскиот заменик-премиер Шимон Перес изрази надеж околу новите напори за мир. Перес пред светските лидери на економскиот форум во Давос, Швајцарија, изјави дека забележал нова, како што ја нарече, „магија“ во блиско-источниот мировен процес.

ОН-Анан

70 Нобеловци, предводени од поранешниот американски претседател Џими Картер и некогашниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов потпишаа јавно писмо за поддршка на генералниот секретар на ОН Кофи Анан, кој остро е критикуван за лошо раководење и наводна корупција преку програмата Нафта за храна во Ирак.

Лауератите му оддадоа поддршка на Анан за неговата долгогодишна работа за мир и безбедност. Тие подвлекоа дека Анан го искористил моралниот авторитет, независноста и мудроста за унапредување на Светската организација.

Четворица добитници на нобеловата награда за мир, активисти за човекови права, се меѓу поддржувачите на Генералниот секретар на ОН. Тој оваа престижна награда ја доби во 2001-та година.

САД-Бизнис

Две големи американски компании, „Проктер енд Генмбл“ и „Жилет“ ги соединија силите за да создадат еден од најголемите производители на потрошувачки продукти.

Денеска беше објавено дека „Проктер енд Гембл“ ќе го купи „Жилет“ за 57 милијарди долари во готово и акции. Соединувањето допрва треба да го одобрат американските владини регулатори.

Многу од продуктите на компаниите се познати во цел свет, како детергентот Тајд, пастата за заби Крест, приборите за бричење Жилет и батериите Дурасел.

Аналитичарите проценуваат дека новата компанија ќе има годишна продажба од 60 милијарди долари.

Светски економски форум

Учесниците на Светскиот економски форум дискутираат за американската улога во светската политика – на третиот ден од пет-дневната средба во Давос, Швајцарија.

Организаторите соопштија дека американското лидерство е предизвикано од оние кои го обвинуваат Вашингтон за дипломатски неуспех и за неподдржување на светските договори.

Вчера, британскиот премиер Тони Блер изјави дека светската индиферентност спрема сиромаштијата во Африка е скандалозна. Тој беше подддржан од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој истакна дека двојното зголемување на помошта за Африка е поефтина од трошоците за војната во Ирак.

Клинтон ја повика администрацијата на претседателот Буш да ги интензивира дипломатските напори со цел да го убеди Иран да ги прекине нуклеарните програми.

Србија - Хаг

Српски официјални лица соопштија дека армиски генерал по кого Хашкиот трибунал има издадено потерница за извршени злосторства на Косово, одлучи да се предаде.

Генералот Владимир Лазетиќ ја донел одлуката по разговорите со српскиот премиер Воислав Коштуница. Се очекува генералот да отпатува за Хаг идната недела.

Во 2003-та, меѓународниот суд на ОН покрена обвиненија против генералот Лазаревиќ, за наводни криминални дела врз албанските сепаратиски на Косово во 1999-та.

XS
SM
MD
LG