Линкови за пристапност

НАТО-вежба за кризен менаџмент - 2005-01-27


Од вчера до 1 февруари Скопје е домаќин на годишната вежба на НАТО за кризен менаџмент, на која покрај претставници на 26 земји -членки на Алијанстата, вклучени се и 9 земји од Партнерството за мир. Според портпаролот на МО Билјана Аврамовска целта ан вежбата е меѓусебно зближување преку процедурите на кризниот менаџмент и зајакнување на соработката меѓу НАТО и Партнерството за мир, со нивно усогласување и со тоа подобрување на способноста на Алијансата да раководи во услови на кризи.

„Дејството се базира на замислено сценарио кое го опишува мандантот на ОН и НАТО водството во операциите за одговор на кризи кои се случуваат надвор од евроатлантската зона, со цел да се намалат тензиите меѓу две завојувани држави. Земјите учеснички во вежбата ќе вклучат цивилни и воени штабови во своите главни градови, во главниот штаб на НАТО и во двете стратегиски команди“, објаснува портпаролката Аврамовска.

Вежбата се одржува под раководство на меѓународниот воен штаб и двете НАТО стратегиски команди - здружената команда за операции и здружената команда за трансформации. Утре, на дел од активностите на годишната НАТО вежба ќе присуствуваат министрите за одбрана и за надворешни работи, Јован Манасиевски и Илинка Митрева и директорот на советодавниот тим на НАТО во Скопје, Денис Блис.

XS
SM
MD
LG