Линкови за пристапност

Кондолиза Рајс - нов американски државен секретар - 2005-01-26


Потврдата во ниту еден момент не беше доведена во прашање, со оглед на тоа што Републиканците го сочинуваат мнозинство во Сенатот.

Претседавачот со сенатската Комисија за односи со странство, Ричард Лугар од Индијана, говореше во име на многумина кога ја поддржа номинацијата на Кондолиса Рајс на функцијата:

Таа е личност со убедувања, лојалност, интегритет и способност.

Но, некои демократи ја обвиниваат Рајс за мамење на американската јавност во врска со причините да се поведе војна во Ирак. Како главна причина таа го наведуваше ирачкото оружје за масовно оружје, но такво не беше пронајдено.

Демократскиот сенатор Барбара Боксер од Калифорнија предничеше во критиките и некои републиканци сметаат дека таа пошла предалеку. Непосредно пред гласањето, таа вака го образложи својот став.

Едноставно, се обидов да кажам дека е важно луѓето да бидат земени на одговорност за своите постапки, дека оваа војна е битна, дека треба да погледнеме во грешките од минатото за да не ги повториме, за да не ги испратиме нашите млади војници во друга војна базирана на преувеличена реторика и половична вистина.

Лидерот на Републиканците во Сенатот, Бил Фрист од Тенеси, ги повика законодавците на единство во надворешната политика во време кога земјата е во војна.

Заземањето страна има свое време и место, но ние сега сме во време на војна. Ни треба моќта на сите наши ресурси за да се бориме и да победиме. Јас сум разочаран дека оние од другата страна на политичкиот спектрум го користат моментот за да водат партиска кампања.

Лидерот на Демократите во Сенатот пак, Хери Рид одговори:

Сметам дека е чесно на оние кои се загриженипоради номинацијата на д-р Рајс да им се дозволи да го изразат своето мислење. Молчењето не е важен дел од американската историја, но дебатата е. Да се молчи и само да се гласа – тоа не е демократија.

За време на вчерашниот брифинг во Белата куќа, претседателот Буш коментираше на критиките на новиот шеф на американската дипломатија.

Кондолиза Рајс е добар, добар јавен службеник. Мошне почитувана, како во Америка, така и ширум светот. Таа ќе биде одличен државен секретар и со нетрпение чекам да работам со неа.

Кондолиза Рајс ќе биде првата жена со афро-американско потекло на функцијата државен секретар.

XS
SM
MD
LG