Линкови за пристапност

36 маринци загинаа во хеликоперска несреќа во Ирак - 2005-01-26


Армиски лица велат дека транспортниот хеликоптер бил инволвиран во, цитираме, безбедносни и стабилизирачки операции на околу 150 километри од јорданската граница. Притоа не коментираат за можната причина на несреќата, иако стигнаа вести за невреме во областа, а нема индикации дека некој пукал на хеликоптерот.

Истрагата е во тек.

Четворица други Маринци беа убиени во акција во истата ирачка покраина, Ал Анбар, а еден американски војник загина од граната од минофрлач северно од Багдад.

Понасевер, во близина на градот Киркук, во самоубиствени напади со автомобили-бомби врз армиски пункт и полициска станица, загинаа девет лица, од кои три цивили.

Бунтовниците се заканија дека ќе ги попречат изборите во Ирак закажани за недела, а американски армиски лица предвидуваат зачестување на нападите. Тие одговорија со засилени мерки за спречување на бунтовниците.

На прес конференција во Белата Куќа, претседателот Буш коментираше дека -

Денешните настани ќе бидат многу обесхрабрувачки за американскиот народ. Јас го разбирам тоа. Ние го цениме животот, и жалиме кога ќе загинат војници.

Но, тој додаде дека САД ќе продолжат да работат на воспоставувањето безбедност и демократија во Ирак.

Целта на таа мисија е Ирак да се оспособи самиот да се брани од терористи, домашни или странски.

Претседателот кажа дека американските сили ќе останат во Ирак онолку долго колку е потребно да се заврши мисијата, додека истовремено ќе се интензивира обуката за новите ирачки сили за безбедност.

XS
SM
MD
LG