Линкови за пристапност

Вести за 26.01.2005 - 2005-01-26


31 маринец загина во хеликоптерска несреќа во Ирак

Кондолиза Рајс - Сенат

Јужна Азија - Цунами

Блиски исток - актуелно

Буш - прес-конференција

31 маринец загина во хеликоптерска несреќа во Ирак

Денеска во напуштена област над западен Ирак, се урна американски воен хелихоптер и според извештаите, загинало 31 лице.

Според армијата, транспортниот хелихоптер се урнал во 1 часот и 20 минути по локално време, додека патролирал во близина на градот Ар Рутба, во близина на границата со Сирија и Јордан.

Армијата вели дека во инцидентот има жртви, но се уште не ги потврдила извештаите на ТВ-мрежите Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си, дека загинале преку 30 американски маринци.

Во хелихоптерот се наоѓале маринци од две единици и се уште не е познато дали се работи за несреќен случај или е пукано врз хелиптерот.

Во меѓувреме, според армиски извори, во денешната акција во провинцијата Ал-Анбар загинале четворица маринци, без да се дадат дополнителни детали.

Кондолиза Рајс - Сенат

Денеска се очекува американскиот Сенат да ја одобри номинацијата на Кондолиза Рајс на функцијата државен секретар и покрај острата критика од Демократитие за нејзината улога во политиката на администрацијата за Ирак.

Гласањето ќе уследи по вчерашната деветчасовна дебата во која Деморкатите постојано ја критикуваа г-ца Рајс и актуелната администрација, за како што го нарекоа, катастрофалниот неуспех во Ирак.

Демократите ја обвинуваат администрацијата на Буш и Рајс за неискреноста спрема американската јавност пред отпочнување на војната во Ирак. Тие изразија и загриженост за продолжителното насилство во земјата.

Републиканците, кои се мнозинство во Сенатот тврдат дека г-ца Рајс е исклучително квалификувана за функцијата државен секретар и дека има огромно искуство во надворешната политика.

Јужна Азија - Цунами

Денеска за момент беа прекинати хуманитарните напори во Југоисточна Азија за да им се оддаде почит на настраданите во природната катастрофа што ја зафати оваа област.

Илјадници лица во Шри Ланка со едноминутно молчење им одадоа почит на жртвите и тоа во 9 часот и 36 минути по локално време, кога на 26 декември цунамите го погодија островот.

Во индонезиската провинција Банда Ачех, денеска за прв пат по катастрофата продолжи училишната настава.

Во меѓувреме, Црвениот крст вели дека се собрани доволно средства за помош на настраданите.

Блиски исток - актуелно

Израел и Палестинците ги започнаа подготовките за првиот самит меѓу израелскиот премиер Ариел Шарон и новиот претседател на палестинската управа, Махмуд Абас, откако по речиси двегодишна пауза, беа обновени контактите на високо ниво.

Властите велат дека наредната недела ќе се формира агендата за средбата, која како што вели Израел можно е да се одржи по две недели.

Во меѓувреме, палестинските претставници изјавија оти г-динот Абас им порачал на раководните лица на безбедносните сили да ги преземат безбедносните одговорности од Израел во делови на Западниот брег во наредните 10 дена.

Според Асошиејтед прес, Палестинците ќе ја преземат контролата врз градовите Рамалах, Тулкарем, Калкиља и Јерихо.

Израел ја нема потврдено оваа информација, но во неодамнешните интервјуа, израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз изјави дека Израел е подготвен да го отпочне предавањето на контролата на делови од Западниот брег, штом Палестинците бидат подготвени да го сторат тоа.

Буш - прес-конференција

За време на денешниот брифинг во Белата куќа, претседателот Буш одговараше на прашањата за неговата номинација на Кондолиза Рајс на функцијата државен секретар.

Г-динот Буш истакна дека г-ца Рајс ќе биде, како што кажа „почесен“ американски државен секретар.

Тој сепак не одговори директно на прашањето за постојаните обвинувања на сенаторите од Демократската партија за неискреноста спрема американската јавност околу причините за поведување на војна во Ирак.

Претседателот беше запрашан и за извештаите дека неговата администрација ќе побара дополнителни 80 милијарди долари за финансирање на воените операции во Ирак и Авганистан.

Тој одговори дека американските трупи се во ризик и треба да им се обезбеди се што е потребно, за да им се помогне да ја комплетираат нивната мисија.

XS
SM
MD
LG