Линкови за пристапност

Баучер:  Користиме Република Македонија, ќе прифатиме секое име за кое ќе се договорат страните во ОН  - 2005-01-25


Македонија по признавањето под уставното име од страна на САД не исчезнува како тема на редовните брифинзи во Стејт департментот. Така и денес, повторно запрашан да го коментира спорот во врска со името, портпаролот Ричард Баучер рече дека САД го поддржуваат дијалогот во ОН и ќе го употребуваат името за кое ќе се договорат Македонија и Грција.

„Мислам дека јасно ставивме до знаење дека за Република Македонија ќе го користиме името Македонија, Република Македонија. Но, исто така, и натаму даваме особена поддршка на обидот во рамки на ОН да се изнајде меѓународно прифатливо име, и планираме да го користиме името - кое и да е - што ќе произлезе од тој дијалог. Така, посекако го поздравуваме продолжетокот на дијалогот и обидите на двете страни, како и на ОН, да се изнајде меѓународно прифатливо име, рече Ричард Баучер, истовремено додавајќи дека САД тоа и отпорано го имаат предочено.

Запрашан за демаркацијата на границата на Македонија со Србија -Црна-Гора, односно делот кон Косово, Ричард Баучер предочи дека во моментот не ја знае точната американска позиција во однос на тоа, но дека е сигурен оти САД поддржуваат се што ОН праваат во таа смисла, бидејќи САД имале блиска соработка со ОН по тоа прашање.

XS
SM
MD
LG