Линкови за пристапност

Отворено Американско катче во Скопје - 2005-01-25


Дали сакате да дознаете нешто повеќе за САД? Доколку сте љубопитни, од вчера на располагање во главниот град ви стои Американското катче.

Министерот за култура Благој Стефановски и амбасадорот на САД во Македонија Лоренс Батлер вчера во Градската библиотела „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворија таканаречено Американско катче. Катчето ќе и́ овозможи на пошироката јавност бесплатен пристап до информации за САД преку книги, списанија, мултумедијални компакт дискови и преку Интернет. Во катчето ќе се организираат и културни настани и предавања.

„Отворањето на Американското катче е видлив симбол на поврзаноста и добрата соработка со Министерството за култура. Со него градиме мостови на разбирање меѓу Америка и Македонија“, рече на отворањето американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Тој додаде дека катчето нема само да биде библиотека, туку и избор на информации за студентите, професорите, деловните луѓе, за претставниците на меѓународните организации, од политичкиот живот и од невладиниот сектор, за да научат повеќе за САД.

Во овој нов простор во градот ќе има и филмски проекции, предавања, прослави на американски празници, средби за размена на мислења и дебати.

XS
SM
MD
LG