Линкови за пристапност

Нови парламентарни групи - 2005-01-25


Нови парламентарни групи

Од денеска во Македонскиот Парламент дејствуваат две нови парламентарни групи. 12 довчерашни пратеници на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ од денеска и официјално се пратеници на новата најбројна парламентарна опозициона група ВМРО- Народна. Други петмина, главно поранешни пратеници на ВМРО -ДПМНЕ формираа пратеничка група, чиј координатор е Марјан Ѓорчев.

-ВМРО- Народна партија официјално стана најголемата опозициска партија во РМ. Тоа значи дека РМ по две години ужасија, доби вистинска опозиција и вистински опозициони пратеници во Собранието на РМ. Дури сега власта ќе го почувствува опозициското делување и конечно ќе добие контрола, изјави претседателката на ВМРО-Народна Весна Јаневска.

Според г-ѓа Јаневска се очекува на новата пратеничка група да и се приклучат уште сега отсутните пратеници Петар Наумовски и Љубе Бошковски. Марјан Ѓорчев, Михајло Георгиевски, Орданчо Тасев, Ванчо Стаменков и Аднан Ќахил на прес -конференција го соопштија формирањето на независна пратеничка група.

- Целта на формирањето на оваа независна пратеничка група е да се унапреди демократијата во плуралниот македонски политички амбиент. Посебно заради тоа што ние сме народни пратеници, односно бирани од граѓаните на РМ, сметаме дека овој чин на демократијата во РМ, дека ова е голем момент затоа што во услови кога се повеќе политиката е претставена од партиите и пратениците како партиски гладијатори, сметаме дека независна пратеничка група од луѓе кои ќе се обидат да бидат самостојни мислечки индивидуи во делот на донесувањето на законските прописи и она што претставува интерес на граѓаните на РМ, рече координаторот Ѓорчев.

Според Ванчо Стаменков причина за формирањето на оваа пратеничка група е тоа што не се гледале себеи си како членови на ниту една од групациите кои довеле до растурање на најголемата опозициона партија, најавувајќи оти ќе работат на обединување на двете групации со предзнак ВМРО.

XS
SM
MD
LG