Ирак
Ирачките власти велат дека полицијата уапсила бунтовник поврзан со 75 проценти од вкупниот број напади со автомобили-бомби во Багдад од соборувањето на режимот на Садам Хусеин, наваму.
Од канцеларијата на премиерот Ијад Алави, велат дека осомничениот познат како Абу Омар Ал Курди е поврзан со 32 бомбашки напада од кои од март 2003, загинаа стотици Ирачани.
Во соопштението се вели и дека тој признал оти планирал едни од најужаните напади врз ирачките полициски сили. Според соопштението, лицето е уапсено на 15 овој месец во Багдад, а во притвор се наоѓаат и два други бунтовника.
Во меѓувреме, во близина на седиштето на политичката партија на Алави во Багдад, од самоубиствен бомбашки напад, при што се повредени десетина лица од кои најголемиот број полицајци.
Терористичката група предводена од најбараниот ирачки бегалец Абу Мусаб Ал-Заркави, ја презеде одговорноста за овој инцидент.
Азија – Земјотрес
Два силни земјотреса денеска ја погодија Азија, при што загина најмалку едно лице, а беше предизвикана и голема паника меѓу населението.
Првиот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди индонезискиот остров Сулавеши, североисточно од Џакарта, се случи во 4 часот и 10 минути по локално време.
Едно лице го загуби животот во градот Палу во централниот дел на островот. Беше предизвикана паника меѓу илјадници жители, а беа оштетени и околу 30 куќи и продавници во градот.
Вториот земјотрес го погоди заливот Бенегал, западно од островите Андаман, во истата област во Индискиот океан каде минатиот месец се случи земјотресот од кого произлегоа смртоносните цунами.
Азија – Цунами
Околу 1.000 јапонски трупи се приклучуваат во хуманитарните напори во индонезиската провинција Ачех, каде се очекува да ги подобрат санитетските услови и да се спречи појава на болести како последица на минатомесечната природна катастрофа. Јапонските власти сооптија дека се уште не е познато колку долго трупите ќе бидат распоредени во регионот, но нивната мисија во Индонезија, која за време на Втората светска војна беше под јапонска окупација, го привлече вниманието на јавноста.
Индонезија вели дека хуманитарните напори во најпогодените области од островот Суматра се намалуваат и дека воените сили од САД и од други земји кои беа распоредени во Ачех, се подготвуваат да заминат.
Украина
Новиот украински претседател Виктор Јушченко го именува својот политички сојузник Јулија Тимошенко на функцијата премиер. Одлуката беше соопштена денеска за време на неговата посета на Москва каде ќе се сретне со својот руски колега, Владимир Путин при и ќе ја повтори украинската определба за одржување блиски односи со северниот сосед.
Новиот украински претседател потоа ќе замине во четиридневна турнеја низ Европа, чија цел е приближување на Украина до западните демократии.
Се предвидува в четврток, тој да се обрати пред Европскиот Парламент во Брисел.
САД – Тероризам
Во објавен извештај се вели дека американска група на кабинетско ниво, формирана од поранешниот претседател Ричард Никсон, вршела анализи како да се заштитат САД од терористички напад. Според документите добиени од новинската агенција Асошиетед прес, г-динот Никсон ја формирал Комисијата за борба против тероризмот, краток период откако 11 израелски атлетичари беа убиени од палестински милитанти за време на Олимписките игри во 1972 што се одржуваа во Минхен.
Панелот предвидел сценарија и упатил загриженост која сега е на врвот на листата во глобалната борба против тероризмот – незаштитениот нуклеарен материјал да падне во рацете на терористите кои од него можат потоа да произведат таканаречена „валкана бомба“.
Меѓу истакнатите членови на Комисијата беа Хенри Кисинџер кој во 1973 стана државен секретар и Рудолф Џулијани кој тогаш работел во Одделот за правда.
ОН – Холокауст
Генералното собрание на ОН одржува комеративна церемонија по повод 60-та годишнина од ослободувањето на нацистичкиот камп Аушвиц од страна на советските трупи.
Ова е прв пат ОН да организираат официјална церемонија во знак на сеќавање за преку шесте милиони Евреи и други лица убиени за време на Втората светска војна.
Меѓу оние кои ќе се обратат на денешната пленарна сесија ќе бидат Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, министрите за надворешни работи на Израел и Германија и на други земји. Американската делегација ја предводи заменик секретарот за одбрна Пол Волфовиц.