Линкови за пристапност

Прослава на Водици во Скопје - 2005-01-19


Возбудени во Господа, дозволете ми да се придружам во радоста што денеска ја имаме овде на Вардар, во Скопје и во сите места низ Македонија и насекаде каде денеска се празнува светото христово кршение.

Вака архиепископот на македонската православна црква г.г. Стефан го најави чинот на спуштањето на светиот крст од Камениот мост во Скопје во водите на Вардар, со што се симбилизира Исусовото кршевање од страна на Свети Јован Крстистел во реката Јордан, празник кај народот познат како Водици. Над 30.000 православни верници денеска на кејот на Вардар беа сведоци на групното капење на 50-тина лица во потрага по светиот крст.

„Најсреќен овде во Скопје денеска беше момчето Раде Илиевски, кој го извади светиот крст од водите на Вардар. Нека му е честито и за многу години нека ни е денот“, изјави архиепископот Стефан.

Претчувствував оти овојпат јас ќе бидат тој кој ќе го фати крстот, изјави Раде Илиевски, инаку професионален тренер по пливање.

„Супер се чувствувам, пресреќен сум, мислам дека оваа година ќе биде моја, затоа што како што реков, оваа година јас конкурирам за најхуман во Македонија, меѓу петмината сум, и мислам дека и таа награда ќе ја освојам“.

Според верувањето, оној што ќе го фати светиот крст, цела година ќе го следи среќа. Од кумот на Водици, организаторот и градоначалникот на скопската општина Центар г-динот Илиевски доби подароци меѓу кои и осветена икона.

Празнувањето на Богојавление, традиционално започнува со Златоустовата литургија во сите православни храмови, по што следува спуштањето на светиот крст во истечни води.

XS
SM
MD
LG