Линкови за пристапност

19 vesti  - 2005-01-19


Ирак

Преку 20 ирачки цивили и полицајци загинаа во денешната серија бомбашки напади во Багдад и делови од централен и северен Ирак, чија цел е попречување на изборите закажани за 30 јануари.

Пет од бомбашките напади беа изведени во Багдад. Групата на бараниот терорист Абу Мусаб Ал-Заркави презема одговорност за четири од нив, вклучувајќи еден пред австралиската амбасада. Американската армија соопшти дека во нападите најмалку 26 лица загинале, а многумина се повредени.

Северно од ирачкиот главен град, во Киркук полицијата вели дека биле убиени еден активист за човекови права и негов роднина.

Израелци-Палестинци

Шефот на палестинската безбедност во Појасот Газа, вели дека долж израелската граница ќе бидат распоредени трупи за да спречат милитантни напади врз Израелци.

Генерал мајорот Абдел Разек Мајадех ова го соопшти денеска откако лидерот на Палестинската управа Махмуд Абас синоќа одржа одвоени средби со безбедносните лидери на милитантната група Хамас.

Хамас ја презеде одговорноста за самоубиствен бомбашки напад врз израелски контролен пункт во Газа при што е убиен израелки агент, а повредени се седум други лица.

На Западниот брег, лидерот на Ал-Акса Маченичките бригади која е поврзана со движењето Фатах, изјави дека ќе ги прекине сите напади врз Израел.

Израел минатата недела ги прекина сите контакти со Палестинската управа, откако Хамас, Ал-Акса и уште една група нападна контролен опункт во Газа при што загинаа шест Израелци.

Индонезија

Бројот на жртвите од смртоносните цунами само во Индонезија ја достигна бројката од 166.000, со што вкупниот број загинати изнесува околу 220.000 лица.

Денеска индонезиските власти го зголемија бројот на загинати од цунамите за 50.000.

Според новинската агенција Ројтерс, наглото зголемување на бројот на жртвите уследи откако статуст на десетици илјади лица се промени од исчезнати во мртви.

Во меѓувреме во Џакарта се среќаваат меѓународните донатори за Индонезија и разговараат за хуманитарните напори во најпогодените области во земјата.

Буш-Инаугурација

Претседателот Буш денеска ќе има шест настани поврзани со неговата утрешна инаугурација.

Г-динот Буш меѓу другото планира да посети музички концерт, неколку вечери и прием во чест на неговите симпатизери од Тексас. Ниските температури и прогнозата за снежни врнежи во Вашингтон, нема да ги попречат инаугуративни активности. Претседателот ќе даде заклетва традиционално, пред зградата на американскиот Конгрес, а во меѓувреме се подготвува мошне засилено обезбедување. На настанот се очекува да присуствуваат неколку стотици луѓе.

XS
SM
MD
LG