Линкови за пристапност

Денови на солидарноста на Македонија со Јужна Азија: Собрани над 130.000 евра - 2005-01-18


Организациониот одбор изразува задоволство заради успешноста на акцијата, во која што се вклучија огромен број граѓани, фирми, поединци, невладини организации и институции кои што овозможија оваа акција да биде успешна, изјави г-динот Пенов.

Во акцијата се вклучи Македонската радиотелевизија со 24 -часовниот канал на солидарноста, што се пренесуваше и преку сателит и придонесе за учество и на иселениците во телевизиската аукција. Најскапо продадени предмети беа портретот на Есма Реџепова, за 5.000 австралиски долари, и сликата на Мерсад Бербер за 6.000 евра. Беа продадени и парчиња облека од македонските пејачки ѕвезди, како на пример евровизискиот костум на Тоше Проески, и облеката во која биле првите сценски настапи на Тамара и Александра Пилева, но и предмети од домовите на Калиопи, Мартина, Мартин Вучиќ.

За индонезискиот остров Суматра наскоро заминуваат и двајца македонски волонтери, Оливер Гичевски и Антонио Додевски.

Координатор на помошта е Црвениот крст, каде досега се собрани 63.000 евра. Во зависност од собраната сума, ќе се одлучи како таа ќе биде испратена, вели Саит Саити од оваа организација.

Во таа смисла, пракса е во меѓународни, светски рамки помошта најлесно се доставува во вид на финансии, меѓутоа, сепка, ние ќе одлучиме. Значи, една од формите е таа. Има и други форми, но да видиме, во зависност од висината на средствата што ќе ги собереме, можеби ако ни се укаже прилика во некое поблиско време, да изградиме евентуално некој објект. Нам тие форми, нели, не ни се туѓи. Овде кај нас за време на земјотресот, после земјотресот, се случуваа.

Денеска и пратениците во Републичкиот парламент донираа една своја дневница во висина од 800 денари, како помош за настраданите подрачја во Јужна Азија, следејќи го примерот на нивните колеги во Собранието на Скопје.

XS
SM
MD
LG