Линкови за пристапност

Ривалството меѓу претприемнаштвото во САД и Европа  - 2005-01-18


И овој јаз се повеќе се продлабочува бидејќи во Америка овој процент е пораснат за 8 поени во 2003 додека во Европа тој се зголемил за одвај два проценти. Европјаните сакаат да имаат сигурно работно место во голема и просперитетна фирма која гарантира редовен приход. 61 отсто од анкетираните Американци изјавиле дека повеќе би сакале да имаат свој бизнис, додека во Европа има само 45 отсто лица кои би сакале да бидат свои сопствени газди. Од анкетата произлегува дека постои разлика помеѓу северот и југот на Европа во овој поглед. На југ, во Португалија или Шпанија околу 60 проценти од испитаниците сакаат свој бизнис, а таа бројка паѓа на одвај 30 отсто во Финска, Холандија или Шведска. Според истражувањето основната причина за недостигот на претприемачки дух во Европа се тешкотиите да се дојде до фондови за инвестирање во сопствен бизнис. Според експертитем доколку Европа сака во своите граници да создава личности како Бил Гејтс или Ричард Брансон, таа мора да го олесни пристапот до финансирањето и да ја подобри климата за претприемаштво, единствен начин да се охрабрат младите да бидат свои сопствени газди.

XS
SM
MD
LG