Линкови за пристапност

Вести за 18.01.2005 - 2005-01-18


Рајс - Сенат

Номинираниот американски државен секретар Кондолиза Рајс за заложи за обновување на врските со партнерите, нарушени по војната во Ирак.

Зборувајќи пред Сенатот, кој треба да ја потврди нејзината номинација, Рајс ја бранеше војната во Ирак, истакнувајќи дека американската политика по нападите на 11-ти септември беше тешка, неопходна и праведна.

Таа истакна дека ако биде потврдена нејзината номинација, ќе се заложи за зајакнување на релациите на американските сојузници, ќе ги поддржува пријателите и ќе го направи светот побезбеден и подобар.

Рајс истакна дека ширењето на демократијата е голема мисијата на американската демократија, денес.

Кондолиза Рајс беше советник за национална безбедност за време на првиот мандат на претседателот Буш. Се очекува лесно да ја добие потврда во Сенатот и да го замени државниот секретар во оставка, Колин Пауел.

Украина - Јушченко

Украинскиот врховен суд соопшти дека ќе дозволи објавување на резултатите од минатомесечните претседателски избори, со што го отвори патот за инаугурација на опозициониот лидер Виктор Јушченко.

Највисоката судска истанца претходно ја одложи публикацијата се додека не ја разгледа жалбата од ривалот Виктор Јанукович, кој тврдеше дека изборите на 26-ти декември се измама и бараше поништување.

Изборната комисија соопшти дека Јушченко победил со 52 отсто поддршка, осум проценти повеќе од Јанукович. Резултатите треба да бидат објавени во два владини весници пред победникот да даде заклетва на функцијата.

Ирак - заложници

Осум кинески државјани се киднапирани и бунтовниците во Ирак се закануваат дека ќе ги застрелаат.

Во видео-лента од заложниците, пренесена од телевизијата Ал-Џезеира се прикажува како милитантите се закануваат дека ќе ги погубат ако Кина не ја потврди својата улога во Ирак во следните 48 часа.

Официјалната кинеска новинска агенција подоцна го потврди киднапирањето и соопшти дека лицата се градежни работници кои биле на проект за изградба на ирачка фабрика.

Во меѓувреме, портпаролот на Ватикан соопшти дека киднаперите го ослободиле бискупот од сириската католичка Црква во северниот град Мосул.

Ирак - актуел

Ирачката изборна комисија најави дека ќе ги затвори границите и нема да пропушта цивилни возила три дена, почнувајќи од 29-ти јануари. Тоа има цел да ја зајакне безбедноста за национлните избори.

Најавите уследија паралелно со продолжувањето на апсењето на осомничени бунтовници од страна на американските и ирачките сили. Од понеделникот, американската војска соопшти дека најмалку 31 лице е приведено, а пет се убиени.

Во Багдад, бомбаш-самоубиец уби најмалку двајца, откако се разнесе пред канцеларијата на Врховниот совет за исламистичката резолуција во Ирак, водечка шиитска политичка партија.

XS
SM
MD
LG