Линкови за пристапност

Кондолиза Рајс - новиот американски државен секретар - 2005-01-18


Државниот секретар е американското лице пред светот, а во доктор Рајс светот ќе ја види моќта грациозноста и пристојноста на нашата земја.

Нејзината биографија е типична за американски сон: родена е во Алабама за време на сегрегацијата, се пробива и се школува за концертен пијанист, но почнува да се интересира за надворешна политика и на крај добива докторска титула на тоа поле. Предавала на Универзитетот Станфорд, а течно говори руски, француски и шпански, и да - го сака американскиот фудбал. Таа со години е блиска до семејството Буш а свовремено му беше надворешнополитички тутор на претседателот кога тој за прпат се кандидираше за функцијата.

Дејвид Роткоф, кој пишува книга за Националниот совет за безбедност и ја има интервјуирано Рајс, вели дека со нејзиното доаѓање за државен секретар, претседателот Буш се обидува да ги намали тензиите во својот најблизок круг, како оние меѓу Колин Пауел и секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд околу Ирак. Пораката е- додава тој, поедногласна администрација во вториот мандат.

Чарлс Кашман од катедрата за политички науки при универзитетот Џорџ Вашингтон се согласува - Таа апсолутно и докрај ги рефлектира светските погледи и приоритети на претседателот и предвидува дека таа ќе го координира Стејт департментот да биде апсолутно на иста линија со Белата куќа.

XS
SM
MD
LG