Ирак
Американски воени претставници соопштија дека ирачките сили значително ги подобриле нивните способности и покрај зголемениот број напади врз нив.
Ирачката армија, полиција и другите безбедносни сили сега покажуваат способност да ги продолжат мисиите и да ја намалат зависноста од коалиционите сили. Пентагон соопшти дека тоа не значи оти странските сили наскоро ќе го напуштат Ирак.
Тим од воени експерти од Пентагон допатува во Ирак за да направт увид на напредокот на ирачките сили.
Во меѓувреме, милитантнта група Ансар ал-Ислам ја презеде одговорноста за убиството на високиот помошник на Големиот Ајатолах Али ал Систани. Во соопштение издадено во петокот, се повикува на бојкот на изборите во Ирка, закажани за 30-ти овој месец.
ОН-Југоисточна Азија
Обединетите нации соопштија дека Индонезија успеала да избегне значителна појава на заразни болести за време на обновата на земјата од цунамите, но се уште постои сериозна закана од епидемија.
Маргарета Валстром, специјален координатор на ОН за помош од цунамите, во Џакарта изјави дека многу луѓе без соодветни санитарни установи се подложни на ризик од инфекции и болести.
Специјалниот претставник на ОН изјави дека медицинските тимови кои вакцинираат деца откриле неколку случаи на мала сипаници. Сепак, нема знаци за значително зголемување на опасни бактериолошки болести во погодените зони.
Шефот на ОН за хуманитарна помош, Јан Егеланд изјави дека ќе биде потребна уште една недела пред да биде позната конечната бројка загинати од подводниот земјотрес што ги предизика смртоносните бранови цунами.
Северна Кореја
Северна Кореја одлучи да учествува на продолжувањето на шестраните разговори за нејзината нуклеарна програма.
Според официјалната новинска агенција на Пјонгјанг, Северна Кореја е подготвена да ги третира САД со почит и пријателство, посочувајќи Вашинготн да не го критикува комунистичкиот систем на оваа земја или да се меша во нејзината внатрешна политика.
Денешната помирувачка порака од Северна Кореја уследи само неколку часа откако група американски конгресмени кои неделава беа во посета на Пјонгјанг, предвидоа дека подолгиот застој во разговорите за севернокорејската нуклаерна програма, наскоро ќе заврши.
Русија
Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави дека неговата влада ќе биде загрижена од секој обид на САД и НАТО и натаму да го шират влијанието врз поранешната советска сфера.
Во говорот пред Американскиот совет за меѓународни односи во Њујорк, Иванов изјави дека Русија не гледа логика во натамошно проширување на НАТО. 26-члената воена организација има седум нови европски држави од минатата година.
Тој исто така оцени дека Русија е загрижена околу американското воено присуство во Грузија – поранешна советска република со про-американски претседател, кој дојде на власт по минатогодишниот народен бунт.
Украина
Поразениот кандидат во украинските претседателски избори Виктор Јанукович, поднесе уште една жалба на резултатите од гласањето на 26-ти декември.
Жалбата на поранешниот премиер, која денеска ќе му биде предадена на Уставниот суд содржи 621 потточки доказен материјал. Судот претходно ги отфрли жалбите кои се однесуваа на изборите, на кои победи опозициониот кандидат Виктор Јушченко.
Врховниот суд на Украина соопшти дека ќе ги разгледа последните жалби пред официјално да ги обелодени изборните резултати.
Победникот Виктор Јушченко ќе може да ја преземе претседателската фотелја, откако резултатите ќе бидат објавени во официјален весник.