Линкови за пристапност

Британскиот принц Хари на забава облечен како германски нацист  - 2005-01-13


Сликата на принцот Хари со пијалок во една и цигара во друга рака, со војничка униформа и свастика на надлактицата, се појави на насловната страница на Сан, најтиражниот британски весник од жолтиот печат.

20-годишниот принц писмено се извини, но тоа не помогна многу да се смири скандалот што внукот на кралицата Елизабета и третиот човек по хиерархија за наследник на британскиот престол, бил на забава облечен како германски нацист.

Претседателот на британскиот Образовен труст за Холокаустот, Гревил Џанер, за британската телевизија изјави дека скандалот покажал оти принцот Хари не бил соодветно едуциран за ужаситена Втората Светска војна:

„Има премногу луѓе од Британија и светот чии животи беа уништени од Нацистите, чии семејства беа убиени од Нацистите, чии синови можеби се убиени од Нацистите. Тоа е многу близу до војната, до Холокаустот. Навистина, такво однесување е бесчувствително. “

Поранешниот портпарол на Бакингамската Палата, Дики Арбитер, изјави дека Хари го посрамотил татко му, принцот Чарлс, со овој скандал што доаѓа по претходниот со пушењето марихуана и судирот со фоторепортер. Арбитер посочи дека принцот Хари треба да почне студии во воената академија во мај годинава и може да очекува цврста дисциплина:

„Имаше луѓе кои му советуваа да не оди во војска. Сметам дека тоа е најверојатно најдобра работа. Ова е начин да почуствува дисциплина од трета страна, на која нема да може да одвраќа.“

Лидерот на британската главна опозициона партија Мајкл Хауард, изјави дека писменото извинување на принцот Хари не е доволно и побара од него лично да се појави во јавност и да каже дека му е жал.

Исто така имаше повици, принцот да замине со неговиот вујко, принцот Едвард, на церемонијата за две недели во Аушвиц, Полска, каде ќе се одбележат 60 години од ослободувањето на нацистичкиот камп на смртта, каде беа погубени милиони Евреи.

XS
SM
MD
LG