Линкови за пристапност

vesti 13 - 2005-01-13


Нови немири во Ирак

Вооружени бунтовници усмртиле висок помошник на шиитскиот ирачки лидер Големиот Ајатолах Али Ал Систани кој се залага за одржување на изборите за националното собрание на 30 јануари.

Од канцеларијата на Ајатолахот велат дека помошникот е убиен вчера во древниот град Салман Пак јужно од Багдад, заедно со неговиот син и четворица телохранители.

Во меѓувреме во Багдад, неидентификувани лица денеска нападнале еден хотел и убиле шестмина, а еден турски бизнисмен е киднапиран.

Преодниот ирачки премиер Ијад Алави и претседателот Буш кажаа дека изборите на 30 овој месец мора да се одржат според планираното.

Понуда за прекин на огнот во провинцијата Ачех

Бунтовниците во индонезиската провинција Ачех, која беше една од областите погодени од цунамите, нудат прекин на огнот со владините сили. Владата во Џакарта ја поздрави оваа одлука.

Индонезија не ја исклучи можноста од бунтовнички напади врз хуманитарните работници што би можело да го успори доставувањето на хуманитарната помош.

Индонезиската Влада се залага сите хуманитарни работници да бидат регистрирани, а обезбедува и воена придружба доколку се напуштат градовите Банда Ачех и Мелобау.

Движењето за Слободен Ачех соопшти дека ја разгледува можноста за унилатерален прекин на огнот. Некои групи соопштија дека стравуваат дека присуството на индонезиските трупи во камповите каде се распоредува помошта, може да ја зголеми опасноста од бунтовнички напади.

Закана за продлабочување на сиромаштијата во Југоисточна Азија

Банката за азиски развој соопшти дека околу два милиона луѓе може да западнат во сиромаштија, како резултат од уништувачките цунами при шти загинаа 160.000 лица.

Во извештајот на регионалната банка се вели дека околу еден милион луѓе може да бидат осиромашени само во Индонезија и тоа повеќето во провинцијата Ачех, каде повеќе од 100.000 починаа.

Банката обелодени дека бројката сиромашни во Индија може да се зголеми на 645.000 и на 250.000 во Шри Ланка.

Во меѓувреме, 19 нации-кредитори од Парискиот Клуб понудија отпишување на долговите за погодените држави во Јужна Азија.

Претседателот на корпорацијата, соопшти дека било која погодена земја може да бара и замрзнување на долговите.

Досега само Индонезија, Шри Ланка и Сејшелите изразија интерес на понудата од Парискиот клуб.

ОН-Косово

Официјални лица на ОН на Косово соопштија дека офицер на меѓународната полиција загинал кога возило на Светската организација експлодирало во градот Призрен.

Името и националноста на загинатиот припадник на ОН не е обелоденето. Истрагата за инцидентот е и натаму во тек. Полицијата на ОН и мировниците на НАТО се грижат за безбедноста на Косово од 1999-та, откако српската провинција стана меѓународен протекторат.

Израел-Палестинци

Новоизбраниот палестински претседател Махмуд Абас изјави дека Палестинците се подготвени да ги продолжат обврските според меѓународниот мировен план.

Зборувајќи пред група локални и меѓународни верски лица, Абас истакна дека има обострани обврски во таканаречената Мапа кон мирот и оти Палестинците се сериозни во имплементирањето на нивните обврски.

Израелскиот премиер Ариел Шарон, кој се очекува да се сретне со Абас за неколку дена, подвлече дека мировните преговори нема да бидат обновени доколку Палестинците не го скршат отпорот на милитантите.

Во Појасот Газа, израелските сили усмртиле Палестинец, а војниците соопштија дека отвориле оган затоа што возилото во кое се наоѓал Палестинецот со неговата сопруга се забрзало во нивна насока.

XS
SM
MD
LG