Линкови за пристапност

Стејт Департмент за случајот Џеват Адеми: САД нема да коментираат одлуки на македонската влада - 2005-01-12


Со оглед на тоа што господинот Адеми се наоѓа на американскиот список на Специјално назначени државјани и блокирани поединци, популарно позната како црна листа на поединци и групи на кои им е забранет пристап во САД и секаква трансакција со американски граѓани, побаравме коментар од Стејт Департментот во Вашингтон. Портпарол на Бирото за европски и евроазиски прашања за Гласот на Америка на македонски изјави дека станува збор за работа која ги засега двете земји – Македонија и Бугарија, а не САД, и дека Стејт Департментот нема да коментира одлуките на македонската влада.

Инаку, листата за која станува збор ја прави Одделот за финансии на американската влада, а не одделот за односи со странство, е под постојан надзор. Последен пат е ревидирана вчера и името на господинот Џеват Адеми стои на неа. Портпаролот ни кажа дека постапката за симнување од листата почнува со писмено барање од владата на соодветната држава по што предлогот се разгледува во надлежниот ресор на американската влада. Таква постапка од Македонија не е покрената. Со други зборови, ова лице има историја на деструктивно однесување во однос на безбедноста на Македонија и спроведувањето на Рамковниот договор, и на листата ќе остане се додека таа историја не биде правно поништена со тврдење на македонската влада дека лицето е, условно кажано, рехабилитирано.

XS
SM
MD
LG