Линкови за пристапност

најнови вести 1-12-2005 - 2005-01-12


Развој на настаните од настраданото подрачје во Југоисточна Азија

Индонезиските власти соопштија дека странските воени сили кои помагаат во спроведувањето на помошта од цунамите треба да заминат од провинцијата Ацех за три месеци.

САД, Австралија, Јапонија, Малезија, Сингапур имаат поморски, воздушни и комнени сили во индинезиската провинција кои обезбедуваат итна помош за погодените.

Но, индонезискиот потпретседател Јусуф Кала соопшти дека странските сили треба да го напуштат Ачех веднаш штом мисијата ќе заврши. Тој оцени дека тоа не треба да се случи подоцна од март.

Донаторска помош

Официјални лица нациите-донатори во Париз и Женева се очекува да одобрат мерки за отпишување на финансиските долгови на земјите, погодени од минатомесечните цунами.

Францускиот министер за финансии Херв Гајмар изјави дека официјални лица од парискиот клуб-кредитори од 19 нации ќе оддобри суспендирање на долговите за Индонезија, Шри Ланка и Сејшелите. Групата 7, индустриски најразвиени земји во светот, претходно се согласи да ги замрзме долговите на погодените нации.

Во Женева, координаторот за помош на ОН Јан Егеланд, потврди дека донаторите веќе одделиле 700 милиони долари помош. Тој тоа го окарактеризира како „невообичаен„ меѓународен одговор. Официјални лица од ОН лобираа кај донаторските нации за една милијарда долари, средства кои се неопходни да им се помогне на преживеаните во следните шест месеци.

Усвоен европскиот Устав

Европскиот Парламент со огромно мнозинство го усвои новиот Устав на ЕУ. Пратениците денеска во Стразбур, Франција гласаа со 500 гласови ЗА и 137 против, и се изјаснија позитивно за резолуцијата која го поддржува новиот Устав. 40 парламентарци беа отсутни од сесијата.

Сите 25 земји-членки на Европската Унија мора да го ратификуваат документот за да стапи во сила.

Новиот устав на Унијата се соочува со критички тонови во некои земјич. Критичарите сметаат дека ЕУ ќе добие премногу моќ со новиот правен акт.

Германија - тероризам

Германската полиција соопшти дека уапсила неколку лица во серијата рации со цел да се прекине ланецот осомничени исламски екстремисти кои ги помагаат терористите.

Полицијата потврди дека се обидува да им влезе во трага на 20-тина лица, кои се занимаваат со криминални активности.

Властите обелоденија дека осомничените им обезбедуваат лажни документи на индивидуалци, со цел тие илегално да можат да престојуваат во Германија.

НАСА лансираше истражувачко летало во пресрет на комета

НАСА денеска лансира вселенско летало кое треба да пресретне комета, во обид да се добијат дополнителни информаци за вселената.

По лансирањето леталото треба да измине шестмесечен пат пред да стигне до Кометата Темпл 1.

Доколку се́ оди според планот, леталото ќе насочи бакарен проектил тежок 372 килограми кон кометата во јули за да се проучи составот на кометата.

Со нејзиното разбивање и проучување ќе се добие и дополнителна информација за хемискиот и физичкиот состав на соларниот систем.

XS
SM
MD
LG