Линкови за пристапност

Именуван прв човек на Одделот за домашна безбедност - 2005-01-11


Во Мајкл Чертоф, претседателот Буш гледа почитуван правен експерт и менаџер. Тој е поранешен јавен федерален обвинител кој помогна во изготвување на анти-терористичката стратегија на Одделот за правда по нападите на 11-ти септември: „Во сите негови ролји, Мајк покажа длабока посветеност на каузата за правда и непоколеблива решеност да го заштити американскиот народ.“

Американскиот претседател го оцени господинот Чертоф како човек со исклучителна моќ за просудување и интегритет, и е убеден дека неговата номинација ќе пружи силно и ефективно лидерство на Одделот за домашна безбедност.

При прифаќањето на номинацијата, господинот Чертоф најави дека заштитата на индивидуалните права е приоритет: „Ако бидам одобрен, ветувам дека ќе ја вложам сета моја енергија да ја промовирам нашата национална безбедност, но и, како подеднакво важно, да ги штитам фундаменталните слободи.“

Господинот Чертоф е втор избор на претседателот Буш за наследник на Том Риџ, кој беше на чело на Департментот за време на неговото формирање. Неговиот прв избор беше поранешниот њујоршки шеф на полицијата Бернард Керик, кој минатиот месец се повлече по скандалот со имиграциониот статус на жената кој била најмена како негова куќна помошничка.

XS
SM
MD
LG