Линкови за пристапност

Претседателот Буш може да номинира судија во Врховниот Суд на САД - Зошто е тоа  значајно - 2005-01-07


Пред повеќе од десет години за последен пат беше именуван судија во Врховниот суд. Тоа е најдолг период без испразнување на место во највисокиот суд, од далечниот дванаесетгодишен период што заврши во 1823.

Постои загриженост за здравјето на главниот судија Вилијам Ренквист кој се бори со рак на тироидната жлезда. Пред овој свој судија претседателот Буш ќе даде заклетва на функцијата подоцна овој месец. Но законските стручњаци се прашуваат колку долгу80-годишниот Ренквист ќе остане во Судот.

Со големите шанси да се испразни место во Врховниот суд во наредните неколку години, ако не и порано, активистите на двете страни на политичката делбена линија веќе се загреваат за жестока битка на номинирање во американскиот Сенат.

Републиканците го поттикнуваат претседателот да номинира конзервативен судија.

Брус Фаин е стручњак кој служел во Одделот за правда во регановата администрација.

Тој смета дека претседателот би требало да назначи некого што е компатибилен со двајцата најконзервативни членови на Врховниот суд, судиите Антонин Скалиа и Кларенс Томас.

"Мој предлог е претседателот Буш да назначи филозофски конзервативци од типот на Скалиа и Томас, како што вети во кампањата за пополнување на упразнетите места кои може да се појават во неговиот втор мандат", вели господинот Фаин.

Претседателот не индицираше кого ќе номинира, но некои од неговите забелешки дадени по реизборот ги охрабрија конзервативците да веруваат дека тој ќе биде одважен при повлекувањето на овој потег. Во една пригода тој кажа:

"Прашувате дали се чувствувам слободен? Вака ќе кажам: Заработив капитал во кампањата, политички капитал, и сега имам намера да го потрошам. Во мој стил."

Опозиционите демократи се подготвуваат за претстојната расправа по номинацијата на судија во Врховниот суд. Либералните групи се загрижени за заштита на правото на абортус и веќе го предупредуваат претседателот дека именувањето на умерен судија би бил најдобриот начин за добивање зелено светло од Сенатот.

Нана Арон е од Алијансата за правда, либерална група на активисти кои се спротивставуваа на неколку назначувања на претседателот за федералното судство. Таа вели дека високиот суд веќе се наклонува на конзервативната страна по најголем број прашања и дека друг конзервативец во судските клупи ќе го сврти Врховниот суд предалеку на десно.

"Толку многу од она што ние Американците го земаме како дадено по себе, што всушност не штити нас и средината во која живееме, е во залог", вели таа.

Политичките стручњаци велат дека назначувањето судии во Врховниот суд е важно бидејќи значи влијание на претседателот многу подолго од траењето на неговиот мандат.

Алан Лихтман е претседателски историчар од Американскиот Универзитет во Вашингтон. Тој вели „Вашиот печат останува со децении откако ќе го направите назначувањето за Врховниот суд. И знаете дека конзервативците, кои се доминантна сила во Републиканската партија, ќе вршат притисок за назанчување конзервативец. Демократите ќе бараат номинирање на умерен судија. Нема криење со ова назначување."

За секоја номинација битката ќе се води во Сенатот. Потребно е просто мнозинство во сто-члениот Сенат за потврдување на номинацијата. Но демократите ќе се обидат да ја спречат номинацијата со ангажирање во бесконечна дебата, што е парламентарна тактика позната како филибастер.

За да заврши оваа дебата се потребни 60 гласови. Републиканците во моментов имаат 55 сенатски места, Демократите 44 и има еден независен сенатор.

XS
SM
MD
LG