Линкови за пристапност

Македонија оддели 1, 5 милиони евра помош за Јужна Азија - 2005-01-07


Станува збор за лекови против маларија, хепатитис Б и Ц и други инфективни болести. Во втората фаза Министерството за здравство во согласност и координација со Светската здравствена организација веќе има изготвено екипи епидемиолизи, микробиолози, педијатри, таруматолози и специјалисти за хигиена. Во втората фаза Македонија е подготвена да испрати и екипи за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во овие подрачја, изјави портпаролот Сашо Чолаковски.

Министерството за одбрана ќе обезбеди по 1.000 ќебиња, душеци и вреќи за спиење, додека министерството за економија треба да ги координиора активностите за другата помош. Црвениот крст на Македонија, освен финансиските средства од Фондот за солидарност, ќе го стави на располагање и сиот свој персонал, додека мобилниот оператор Мобимак отвори посебна телефонска линија за прибирање донации од граѓаните и фирмите.

Уште на 29 - 12 македонскиот Црвен крст објави апел до граѓаните и институциите во РМ, отвори посебна жиро сметка на Фондот за солидарност на која ќе можат сите да го даваат своите донации, од своите средства издвои 600.000 денари како првична помош. На жиро сметката која ја објавивме веќе пристигнуваат средства од граѓани и институции, отворивме и бесплатен дежурен телефон со помош на Мобимак, на кој граѓаните со еден повик ќе можат да донираат 100 денари, изјави генералниот секретар на Црвениот крст, Томислав Николовски, објаснувајќи ги досегашните активности.

Кон акцијата за помагање на се приклучи и опозиционата ВМРО -ДПМНЕ која понуди 200 чифта обувки, како и фармацевтската компанија Зегин со обезбедување на лекови, медицински и санитетски материјал и детска храна во вредност од половина милион евра. Скопје, градот кој неколкупати досега ја почувствува солидарноста на светот, ќе им излезе во пресрет на унесреќените од природната катастрофа во Азија со финансиски средства од градскиот буџет.

Се очекува до средината на следната недела помошта да тргне кон централниот собирен центар во Индија. Координатор на помошта од Владата и други фирми и лица ќе биде министерот без ресор Владо Поповски, додека Министерството за транспорт и врски ќе треба да обезбеди транспортен авион од некоја меѓународна организација и хангар на скопскиот аеродром за складирање на помошта.

XS
SM
MD
LG