Линкови за пристапност

Започна со работа 109-от по ред состав на американскиот Конгрес  - 2005-01-05


109-от по ред состав на американскиот Конгрес е со републиканско мнозинство, но аналитичарите предвидуваат дека претседателот Буш ќе наиде на отпор во него.

Џон Фортие од Институтот Амеркан Ентерпрајс вели:

„Тоа е мало мнозинство. Ќе мора да ги држи републиканците обединети и во Сенатот и во Претставничкиот дом. Понекогаш Конгресот сака да биде независен.“

Експертите велат дека предлогот на претседателот за реформа на системот на социјална заштита, што би чинело до два трилиони долари, може да наиде на отпор кај дел од неговата партија поради опасноста да го зголеми и онака рекордно бисокиот буџетски дефицит.

Друго горливо прашање – назначување на судии во Врховниот суд. Ален Шик од Инстиутот Брукингс во Вашингтон смета дека демократите имаат доволно правни средства на располагање да го попречуваат и одлагаат назначувањето на конзервативни кандидати.

„Судовите се главни креатори на политиката во САД. Не само што решаваат спорови, туку и го менуваат општеството. Демократите не сакаат некои од одлуките во минатото да бидат преиначени од судство под републиканска контрола.“

Дополнителен проблем, вели Џон Фортие од Американ Ентерпрајз е што претседателите за време на вториот мандат по традиција ја губат поддршката во свои редови бидејќи бирократијата е свесна дека тоа е последен мандат и дека деновите на функцијата се одбројани.

XS
SM
MD
LG