Линкови за пристапност

Вести за 30.12.2004 - 2004-12-30


Помош за преживеаните од Цунамите

Официјални лица од ОН соопштија дека ќе бидат потребни денови пред меѓународната помош да стаса до преживеаните од цунамите во погодените нации во јужна Азија.

Шефот на ОН за хуманитарна помош, Јан Егеланд, најави дека ќе бидат потребни три дена помошта да стаса до оние на кои им е најмногу потребна. Тој додаде дека хуманитарните работници се обидуваат да ги доставата намирниците до изолираните делови од Азија, но до некои региони пристапноста е невозможна.

Има извештаи за недостаток од храна и чиста вода во погодената индонезиска провинција Ацех, додека во Шри Ланка се појавиле комарци со заразни болести.

60 нации досега обезбедија помош во висина од 220 милиони долари.

Украина - Врховен суд

Украинскиот Врховен суд отфрли најмалку две жалби од изборната измама, поднесени од премиерот Виктор Јанукович.

Се очекува судот денеска да се изјасни за вкупно четирите жалби на Јанукович.

Премиерот се жали дека имало стотици изборни нарушувања и одби да го признае поразот од неговиот ривал, опозициониот лидер Виктор Јушченко.

Израел - актуелно

Палестински очевидци соопштија дека израелските сили убиле најмалку четворица милитанти за време на нападот во појасот Газа.

Израелските трупи и тенкови упаднале во бегалскиот камп Кан Јунис во операција која армијата има цел да ги спречи палестинските милитанти да гаѓаат со ракетни фрлачи врз еврејските доселенички населби.

Во меѓувреме, израелскиот заменик-премиер Ехуд Олмер за Еруслаим Пост изјави дека Израел треба да го следи планираното повлекување од делови од појасот Газа и Западниот брег, предвидено за следната година.

Тој верува дека таков чекор ќе биде од израелски интерес.

Ирак - актуелно

Најмалку 25 бунтовници се убиени во борбите со американските сили во северниот ирачки град Мосул. 15 маринци се повредени, а еден им подлегнал на раните во воената болница.

Официјални воени лица соопштија дека престрелката започнала кога милитантите детонирале автомобил-бомба пред американски пункт и отвориле оган врз војниците. Маринците веднаш потоа добиле авионска поддршка, од каде стрелале врз цели на бунтовниците.

Во другиот развој на настаните, ирачката влада денеска обелодени дека го уапсила Фадил Хасан Ахмед ал Курди, висок член на милитантната група на Абу Мусаб ал Заркави, кој е поврзана со Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG