Линкови за пристапност

Нафтовод кој на Балканот ќе му донесе пари - 2004-12-30


Предлогот од ривалите ги вклучува Романија, Србија и Хрватска. Нафтоводот би се протегал од романскиот пристаништен град Констанца преку Романија па се до Србија, од каде би продолжи до Хрватска. Од Каспиското море, нафтата би се транспортирала северозападно во Австрија и Италија.

Јужната рута се протега од бугарското пристаниште Бургас, преку Македонија па се до албанскиот град Флора, од каде ќе се транспортира во танкери.

Секој од проектите, по околу 1000 километри, ќе чинат од 750 милиони до 1, 5 милијарди долари. Секој ќе транспортира околу 750.000 барели нафта во ден. Секоја страна се надева дека конструкцијата може да почне во 2005-та. Поранешниот официјален претставник на американската влада и банкар Хенри Овен е инволвиран во северниот проект:

„Ќе им помогне на трите земји (Романија, Србија и Хрватска), затоа што секој добива од инвестицијата со изградбата на нафтоводот, а потоа се инкасираат и средства во буџетот од нафтоводот“.

Грција ја поддржува јужната рута, но има интерес јужно нафтоводот да заврти кон грчки пристаништен град наместо кон Албанија. Русија, која е клучен играч во обете проекти, треба допрва да го постави приоритетот. Ако нафтоводот минува низ Балканот, нема да бидат потребни танкети да минуват нив тесниот премин кај Босвор во Западна Турција.

Хенри Овен од Вашингтон, се сомнева дека поддржувачите на јужната рута ќе ги обезбедат неопходните финансии. Како споредба, финаниите скоро се обезбедени за северната рута:

„Добар дел уследи од волјата на ИФЦ ( Меѓународна финансиска институција ), прозорец од Светската банка со ниски камати. Тие веќе ја финансират студијата, не физибилите студијата, туку студијата за интердржавниот комитет, кој го сочинуваат три држави: Романија, Србија и Хрватска. И сега ќе мораме да ги додадеме Италија и Австрија“.

На јужната рута се смета веќе 12 години. Таа беше промовирана од американската компанија АМБО – (Албанија, Македонија, Бугарија, нафта.)

XS
SM
MD
LG