Линкови за пристапност

САД дополнително ќе ги зголемат ветените 35 милиони долари помош за Југоисточна Азија - 2004-12-29


Претседателот Буш кажа дека ова е катастрофа од огромни размери.

„Важно е светот да знае дека нашата влада е фокусирана и дека ќе продолжи да одговара на барањата за помош на настраданите.“

Во првиот јавен коментар по повод трагедијата, г-динот Буш се осврна на безбројните жртви и огромната материјана штета. Во изјавата за новинарите тој истакна дека Америка соработува со Индија, Австралија и Јапонија во координирање на хуманитраните напори и достава на потребната помош. Претседателот подвлече дека веќе ветените 35 милиони долари помош од американска страна, дополнително ќе се зголемат.

„Полека но сигурно, ќе биде позната големината на проблемот, особено кога ќе дојде време да се обнови инфраструктурата за да им се помогне на овие делови од светот повторно да застанат на свои нозе.“

Претседателот ја поздрави и идејата да се изгради меѓународен предупредувачки систем кој ќе испраќа сигнали за очигледна закана од цунами брановите. Таков систем немаше во регионот погоден од катастрофата во неделата.

XS
SM
MD
LG