Линкови за пристапност

вести за 12-28 - 2004-12-28


Напори за помош на настраданото подрачје

Меѓународните хуманитарни агенции во светот ги здружуваат силите да им помогнат на жртвите од катастофалниот земјотрес и цунамито во јужна Азија.

Меѓународната федерација на Црвениот крст соопшти дека очекува значително зголемување на првичната помош, која изнесуваше шест милиони долари.

Портпаролот на федерацијата во Женева за Гласот на Америка изјави дека помошта ќе се зголеми за неколку пати, со што ќе биде најголема хуманитарна акција во последните 40 години.

Кина ќе испрати храна, шатори, кебиња и пари за Индија, Индонезија, Шри ланка и Малдивите. Јапонија планира да испрати три брода за Тајван, да помогнат во пронаоѓањето на жртвите и спасување на преживеаните.

Координаторот за итна помош на ОН, Јан Егеланд, изјави дека стотици авиони наскоро во погодениот регион ќе донесат помош.

Во Украина не е се готово кога се работи за неделните претседателски избори. Украинската изборна комисија и формално го прогласи опозициониот лидер Виктор Јушченко за победник, но про-рускиот кандидат Виктор Јанукович одби да го признае поразот и најави приговор заради нерегуларности во постапката.

Според последните податоци од Централната изборна комисија опозициониот Виктор Јушченко освоил 52, додека актуелниот премиер Јануковиќ - 44 проценти од гласовите.

Ирак

Ирачки официјални лица соопштија дека бунтовниците лансирале серија напади врз полициски цели во таканаречениот регион – Сунитски триаголник, северно од Багдад, при што загинаа најмалку 23 лица, вклучувајќи и 18 полицајци. Неколкумина се повредени.

Властите обелоденија дека нападите се случиле во близина на Тикрит, родното место на Садам Хусеин, како и во градовите Самара, Балад и Бакуба.

Во Багдад, официјални лица соопштија дека висок офицер на националната стража преживеал атентат кога автомобил-бомба екплодирал во близина на неговата куќа. Најмалку осуммина лица од обезбедувањето се повредени при експлозијата.

XS
SM
MD
LG