Линкови за пристапност

САД обезбедуваат итна помош за земјите погодени од цунамите - 2004-12-27


Американски претставници велат дека иницијално се планирани 400.000 долари помош за најсилно погодените земји како Шри Ланка, Малдивите, Индија и Индонезија.

Во меѓувреме во тек се разговори со Црвениот Крст и Црвената полумесечина за четири милиони долари што САД ги ветиле како одговор на светските барања за помош од организацијата.

Државниот секретар Колин Пауел телефонски разговараше со своите колеги во регионот, при што изрази сочуство за илјадниците загинати и ја понуди американската помош.

Специјални тимови за проценка на Американската агенција за меѓународен развој се упатени за Тајланд и Шри Ланка, а во наредните неколку дена исти такви екипи ќе бидат испратнени и во другите погодени земји. Агенцијата ги повикува сите Американци кои сакаат да дадат придонес, тоа да го сторат преку меѓународните групи за помош, а на својата веб страница објави список на сите организации вклучени во обезбедување помош за жртвите во Азија и Африка.

XS
SM
MD
LG