Линкови за пристапност

Вести за 24.12.04 - 2004-12-24


Претседателот Буш со честитки за Божиќ на војниците Ирак

Претседателот Буш телефонски разговараше со некои од припадниците на американската армија, заблагодарувајќи им се на нивната служба и честитајќи ги им празниците.

Белата куќа соопшти дека г-динот Буш телефонски разговарал со 10 војници, од кои шест стационирани во Ирак, еден во Кореја, а тројца други во САД.

Во редовната годишната божиќна порака им се заблагодари на членовите на вооружените сили во Ирак и Авганситан и насекаде во светот и ги повика Американците да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.

Рамсфелд во неочекувана посета на Ирак

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд направи ненајавена божиќна посета во Ирак, каде се сретна и со повредените американски војници во близина на Мосул.

Во тој инцидент загинаа 22 лица, а 69 се повредени. Рамсфелд одликуваше неколку повредени маринци во болница недалеку од американската база.

Првиот човек на Пентагон ги посети и трупите во Фалуџа и Тикрит, каде десетици американски војници загинаа во офанзивата за соборување на милитантите.

Американската армија соопшти дека повеќе од 900 раселени лица од Фалуџа се вратиле во своите домови.

НБА-резултати

Утре ќе се одигра долгоочекуваниот дуел меѓу поранешните соиграчи во американската кошаркарска лига, а сега ривали Шекил од Нил пд Мајами Хит и Коби Брајант од Лејкерси.

Од другите натпревари, Феникс ја извојува 10-тата последователна победа врз Гризлите од Мемфис. Амар Стадемаер постигна 30 поени, а имаше и 11 скокови и 5 асистенции. Натпреварот заврши 109 спрема 102.

Вчера Сан Антонио предводени од Аргентинецот Ману Џинобли ги порази Тимбервулс од Минесота со 96 спрема 82.

XS
SM
MD
LG