Коби Брајант и Шекил О Нил беа импресивен тандем во тимот на Лејкерси од Лос Анѓелес. Тоа беше екипа што освои три последователни титули од 2000-та до 2002-ра. Тоа не им успеа во 2003-та, а во 2004-та беа декласирани од Детроит Пистонс.
Лошата игра на Лејкерс доведе до отпуштање на тренерот Фил Џексон, а О Нил беше продаден на Мајами.
О Нил знаел дека кога оставката на Џексон била најавена, неговите денови во Лос Анѓелес биле изброени: „Вообичаено кога нешто такво се случува, јас бев првиот или вториот човек кој дознава за тоа. Кога беше отпуштен без да дознам, знаев дека работите се променети: Не сакав да бидам дел од тоа и побарав да ме продадат“.
Лејкерси јасно ставија до знаење дека нивните планови се фокусирани на Коби Брајант, со кого потпишаа договор уште пред да му истече стариот. Имиџот на Брајант беше нарушен откако полицијата во Колорадо покрена постапка заради силување. За време на сослушувањето, Брајант обелодени дека и Шекил О Нил им платил на многу жени да молчат за сексуалните врски што ги имале со кошаркарската ѕвезда. Тоа уште повеќе ги влоши нивните односи.
О Нил сега вели дека сето тоа ќе се реши на паркетот:„Не размислувам за лоши работи затоа што не сум таков човек. Но, доколку имате спортски автомобил Корвета кој оди право на ѕид, знаете што ќе се случи!„
Поранешната НБА-ѕвезда Чарлс Баркли смета дека секој кој смета дека нема да има лична пресметка меѓу двајцата, се лаже.
Мајами со О Нил имаат 20 победи и 7 порази. Лејкерс со Брајант имаат 13 победи и 11 порази. Шекил најде одличен соиграч во бекот Двајн Вејд, кој во просек дава 23 поени по натпревар.