Линкови за пристапност

вести за 12-23 - 2004-12-23


Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните земји за двојни стандарди кога се работи за избори и човекови права.

Зборувајќи со новинарите во Москва Путин изјави дека не разбира како Западот може да критикува избори во поранешната советска република Украина додека се вршат подготовки за избори во Ирак, во услови на тотална окупација.

На домашен фронт рускиот претседател оцени дека е задоволен од економските достигнувања на земјата и вети повеќе ресурси за борбата против тероризмот.

Палестинска политика

Палестинците на Западниот брег гласаат на избори за локални совети, за прв пат од 1976.

Повеќе од 140 илјади Палестинци денеска можат да го дадат својот глас во 26 општини, вклучувајќи го и градот Џерико. Повеќе од 800 лица се кандидираа за функција во локалните органи.

Палестинскиот премиер Ахмед Куреја гласањето го окарактеризира како прв чекор кон воспоставување на палестинска држава. Тој гласа во Абу Дис, близу Ерусалим.

Друг круг гласање ќе се одржи на почетокот на следната година, по претседателските избори закажани за 9 јануари.

Најголем дел од кандидатите на локалните избори се припадници на главната партија Фатах. Резултатите не се очекуваат пред крајот на неделата.

Ирак

Американската армија води истрага како осомничениот бомбаш-самоубиец успеал да влезе во базата во близина на северниот ирачки град Мосул, при што загинаа 22 лица, а 69 беа повредени, повеќето Американци.

Милитантата група Армија на Ансар ал Суна, поврзана со Ал- Каида ја презеде одговорноста за нападот.

Во меѓувреме, во поранешното упориште на бунтовниците во Фалуџа одекнаа експлозии. Неколку раселени жители пред почетокот на офанзивата во ноември чекаа да влезат во градот.

Ирачките власти уапсија шест осомничени за бомбашките напади во Карбала, при што загинаа 14 лица.

Еден американски војник е убиен, а друг повреден од експлозија на бомба во Багдад.

Керик - оставка

Екс-полицискиот комесар на Њујорк Бернард Керик се повлече од консултантската фирма на поранешниот градоначалник Рудолф Џулијани.

Едновремено номинираниот Керик за функцијата секретар за национална безбедност, изјави дека земал време да се фокусира на семејтвото и да го исчисти, како што го нарече „доброто име“. Џулијани истакна дека не побарал од Керик да се повлече.

Иако претседателот Буш го номинираше Керик за секретар за национална безбедност, тој се повлече под притисок на информациите за нерегулираниот статус на беби-ситерката како и неплаќањето даноци за нејзината плата.

XS
SM
MD
LG