Линкови за пристапност

Стејт департмент: Кондово мора да се реши на мирен начин - 2004-12-16


Претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик подвлече дека САД будно го следат развојот на ситуацијата во Кондово и отфрлаат и осудуваат секаков обид да се употреби насилство или пак закана со насилство, за да се остварат какви и да се политички цели.

„Американската политика цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и ја поддржуваме политиката на македонската влада за спроведување на законот, како и нејзиниот обид да ја разреши ситуацијата без крвопролевање“, ни кажа ова владино лице.

На прашање да ја коментира изјавата во македонските медиуми дека наводниот водач на вооружените лица во Кондово бара од САД да гарантираат дека ќе бидат амнестирани, претставникот на Стејт департментот укажа дека според податоците со кои располага, различни претставници на меѓународната заедница се сретнале со луѓето во Кондово - меѓу нив и со наводниот Агим Красниќи, и недосмислено го подвлекле ставот дека меѓународната заедница ја поддржува политиката на македонската влада за спроведување на законот и мирно решавање на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG