Линкови за пристапност

Влаховиќ: Најава за отварање македонски конзулат во Подгорица - 2004-12-15


Министерот Влаховиќ сепак кажа дека од Вашингтон добил уверување оти САД ќе почитуваат секаков резултат до кој ќе се дојде со демократски средства, кога станува збор за заедницата со Србија.

Тој потенцираше дека има значајни разлики меѓу Црна Гора и Србија и дека нивните приоритети се различни, но не сакаше да елаборира. Како што кажа, надворешно-политичките активности на Црна Гора додаваат на кредибилитетот и нејзината способност за опстанок во некоја идна констелација.

На нашето прашање за развивањето на македонско- црногорските односи, со оглед на многу прашања што ги засегаат двете земји, господинот Влаховиќ рече:

Неодамна во Скопје на регионалниот состанок на Пактот за стабилност со госпоѓа Митрева имавме долг билатерален разговор. Една од темите беше воспоставување Генерален конзулат на Македонија во Подгорица.

Тој посебно го нагласи задоволството од неодамна одржаниот референдум и кажа дека Црна Гора е многу заинтересирана Македонија да остане каква што е. Ние веруваме дека територијалниот интегритет и демократскиот развој на Македонија е корисен за целиот регион и во таа смисла нашата поддршка за Македонија ќе остане, рече министерот. Тој верува дека се исполнети материјалните предуслови за отворање канцеларија на специјален претставник на Македонија таму, а посебно потенцираше дека меѓу Македонија и Црна Гора нема проблеми и дека Црна Гора не може да се смета за одговорна за изјави и акции што произлегуваат од, како што рече, нашите драги пријатели од Белград.

Посетата на Господинот Влаховиќ не остави место за двоумење дека Црна Гора верува во самостојно пробивање на патот до Европа. Тој беше експлицитен дека верува оти „сојуз на две независни и меѓународно признати држави е многу подобар концепт отколку сегашниот, нефункционирачки и неефикасен државен сојуз“, Србија и Црна Гора, каде втората е еден вид покраина.

XS
SM
MD
LG