Линкови за пристапност

Црвенковски: „Присуството и делувањето на вооружените групи во Кондово се потенцијална опасност за безбедноста на Македонија“ - 2004-12-14


„Сметам дека ситуацијата во Кондово треба под итно да се разреши и да се санира, без разлика дали таму се работи за вооружени криминалци кои се кријат зад политички ставови или се работи за политички мотивирани вооружени групи кои се занимаваат со криминал, сеедно, станува збор за потенцијална опасност за стабилноста на Република Македонија“, изјави претседателот Бранко Црвенковски, нагласувајќи дека се исцрпени политичките средства за решавање на проблемот и дека институциите на системот сега треба да си ја извршат својата задача.

„Периодот на политичко влијание, политичко посредување или создавање политички амбиент е исрпен. Она што сега треба да се направи е институциите на државата согласно Уставот и законите да си ја извршат својата задача. Оперативните планови се веќи подготвени, утре се бира новата влада и верувам дека првата задача на новата влада ќе биде справување со состојбата во Кондово.“

Шефот на државата изјави и дека по изборот на новата влада ќе биде свикана и седница на Советот за национална безбедност, на која ќе биде разгледана ситуацијата во скопското село Кондово.

XS
SM
MD
LG