Линкови за пристапност

Утре светот за прв пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на ОН за борба против корупцијата  - 2004-12-08


Во Мерида, Мексико Конвенцијата ја потпишаа преку 110 земји, а во моментов е ратификувана од дванаесет. За да стапи на сила, потребно е да биде усвоена од 30 земји. Македонија не е меѓу земјите-потписнички на Конвенцијата, која беше усвоена од Генералното собрание на ОН на 31 октомври 2003-та во Њујорк.

Според податоците на Светската банка, и во развиените, и во земјите во развој, во вид поткуп годишно се даваат преку еден трилион долари.

Граѓанското општество и приватниот сектор игаат важна улога во поддржување на владините напори во борбата против корупцијата, како и преку потенцирање на владината одговорност да реагира на корупцијата. Бидејќи ваквите акции не се секогаш изводливи во повеќето неразвиени и земји во развој, Одделот на ОН за борба против дрогата и криминалот обезбедува техничка помош преку правни советодавни услуги за ратификација на Конвенцијата и проекти за техничка соработка кои ставаат акцент на превентивните мерки.

Антонио Марија Коста, извршен директор на Одделот вели дека минатата година во рамки на Конвенцијата бил постигнат договор за враќање на имотот добиен преку корупција. Ова сега е фундаментален меѓународен принцип, вели тој. Конвенцијата ги изложи мерките за превенција и откривање на профитите украдени од некоја земја поради коруптивни активности.

Утре во повеќе земји ширум светот ќе бидат организирани различни активности, преку кои ќе се истакнуваат досегашните достигнувања во борбата против корупцијата, се со цел преку отворени писма и јавни собири, да се поттикнат владите да ја ратификуваат Конвенцијата на ОН против корупцијата.

Една од земјите организатори на овие активности е и Босна и Херцеговина, каде ќе се одржи конференција за Конвенцијата и за ситуацијата со корупцијата во земјата.

XS
SM
MD
LG