Линкови за пристапност

Едно евро - 1, 34 долари! - 2004-12-08


Мислам дека доларот требаше да паѓа. Иако е послаб од еврото, треба уште да се намалува. Сега е на половина пат до тоа каде треба да биде. И речиси воопшто не се придвижил во однос на азиските валути.

Според анализите, вредноста на доларот од 1999 наваму паднала речиси 40 проценти наспрема еврото, што значи дека Американците ќе ги чини скапо да одат на одмор во Европа.

Обратно, за Европејците одморот во САД стана поевтин. Некои Британци го минуваат Атлантикот за да купуваат, но Дејвид Саутвел, британски портпарол за трговија, вели дека тоа нема големо влијание на продажбата во Британија.

Прекуокеанскиот лет е скап. Има ограничување за се она што можете да донесете за Божиќ бидејќи можете да наидете на проблеми на царина. Но, точно е дека има повеќе патници на оваа релација.

Никој не знае уште колку ќе опаѓа вредноста на доларот. Џон Вилиамсон од Институтот за меѓународна економија вели дека американскиот секретар за финансии не е убедлив кога вели дека администрацијата на Буш се залага за силен долар.

Според овој аналитичар, големата опасност сега е што силното евро може да ја одведе и онака слабата европска економија во рецесија.

XS
SM
MD
LG