Линкови за пристапност

Според експертите електронската опрема оваа празнична сезона можно е да надмине некои други традиционални производи  - 2004-12-07


Мајкл Мериот е новинар во влијателниот Њујорк Тајмс, кој пишува за прашања од областа на технологијата. Тешко е да се игнорира неговиот ентузијазам додека на Интернет ги пребарува најновите комјутерски игри. Одреден број од нив имаат сцени на насилство, или пак сексуална содржина.

„Ова е одлична година за игрите и доколку игрите беа филмови, ќе беа меѓу најгледаните. Некои чекаа во ред за да купат одредени новоизлезени игри. Така Хејло 2 на Мајкрософт, како и Банџи се веројатно игри на сезоната. Пред официјално да излезе на пазарот, оваа игра беше продадена во 1,5 милиони примероци“.

Мајкл Мериот вели дека квалитетната резолуција во овие игри придонесува имагинативните улоги и локации да изгледаат реалистично.

„Во голем дел е како да гледате филм. Посакувате да зафатите убава местоположба и до себе да имате пуканки. Потоа имате можност навистина да навлезете во играта. Ќе забележите дека има одлична деликатност, одлична акција и одлична музичка подлога. Почнувате дури да верувате дека вашите непријатели во играта имаат вистинска интелегенција“.

Тој вели дека на пазарот оваа празнична сезона на располагање се и производи креирани од млади умови.

„Еден од нив е наречен Хипи. Тоа е комјутер, дизајниран од млади за млади. Наликува на комјутер, но може да работи користејќи го вашиот мобилен телефон, може директно од Интернет да симнува филмови, музика„.

Запрашан за тоа зошто на младите им е потребна нивна сопствена верзија на комјутер, Мериот вели:

„Тие имаат тенденција да бидат позаинтересирани за забавата отколку за продуктивноста. Нема да видите многу млади кои ќе седнат на комјутер и ќе работат со табела на податоци. Тие сакаат да видат филмови, сакаат да бидат поврзани со пријателите, сакаат да испраќаат инстант-пораки. Сето ова е вклучено токму во оваа направа“.

Доколку сте заинтересирани за други „електронски играчки“ за кои се прогнозира дека ќе бидат популарни оваа сезона, особено меѓу помладите генерации, појдете на веб страницата на Њујорк тајмс, а потоа на категоријата Circuits.

XS
SM
MD
LG