Разговорите околу името меѓу Република Македонија и Република Грција под покровителство на ОН ќе продолжат на 12 јануари наредната година.
Ова, како што за Гласот на Америка на македонски јазик изјави амбасадорот на Република Македонија во Вашингтон и шеф на македонскиот преговарачки тим Никола Димитров, било договорено за време на денешната средба во Њујорк со постојаниот претставник на Република Грција во ОН, Адамантиос Василакис. На средбата присуствувал и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.
На средбата претставниците на двете земји ги презентираа своите позиции во врска со прашањето и се договорија наредната средба да се одржи на 12 јануари 2005 година, кажа амабасадорот Димитров, притоа не наведувајќи други детали за разговараното.