Линкови за пристапност

Претседателот Буш во посета на Канада - 2004-12-02


Во Халифакс на Атлантскиот Брег, што важи за едно од историските пристаништа во Канада во кое се слевале имигрантите од цел свет, претседателот Буш ја истакна помошта на Канада која ги прифати авионските патници кога американските аердроми беа затворени поради нападите на 11-ти септември, а летовите беа пренасочени кон Канада:

„Дозволете ми директно на канадскиот народ, и на сите вас тука денеска кои ги примивте Американците да се заблагодарам за љубезноста кон Америка во време кога и́ требаше помош“.

Тој рече дека Американците и Канаѓаните се како едно семејство - понекогаш не се согласуваат, но секогаш стојат заедно.

„Понекогаш дури и најблиските пријатели не се согласуваат. Пред две години не се согласувавме околу тоа кој е најдобриот начин да се дејствува во Ирак. Сега, како што вашиот премиер мошне јасно претходно истакна во Вашингтон – нема несогласувања за тоа што треба да се направи, да се оди напред“.

Тој ја подвлече важноста од зацврстување на мултинационалните институции, борбата за искоренување на тероризмот и слободата ширум Блискиот Исток. За да се оствари поледното, кажа претседателот Буш, од клучно значење е да се воведе демократија во Ирак. Тој призна дека имало различни мислења околу инвазијата врз Ирак, но додаде дека сепак постои согласност за потребата да им се помогне на Ирачаните да изградат демократија.

XS
SM
MD
LG