Линкови за пристапност

ЕУ и формално ја презеде мировната мисија од НАТО во Босна и Херцеговина  - 2004-12-02


Шефот за надворешна политика на Унијата, Хавиер Солана, и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хуп Скефер учествуваа на церемонијата на примопредавањето во Сараево.

НАТО претходно се согласи да ги препушти мировничките должности на Европската унија, со образложение дека безбедносната ситуација во Босна е подобрена. Според командантот на новата европска операција, британскиот генерал Џон Рејт, во Босна нема јниту моќ, ниту желба за нов конфликт.

Новата европска сила, ЕУРОФОР, се состои од околу 7.000 војници, распоредени под европска команда, со задача да го чуваат мирот во земјата. Ова е најголемата европска воена мисија досега. Претходните две, во Македонија и Конго, беа од далеку помал размер.

Според воените експерти, мисијата за Босна ќе послужи како темел за натамошната европска безбедносна политика. Питер Фејт, политички директор во Европската унија предвидува дека мисијата ќе биде толку успешна што таа нема да заврши без да му ги предаде обвинетите за воени злосторства на Судот во Хаг, пред се Ратко Младиќ и Радован Караџиќ. Нејзината крајна, вели Европската унија, е стабилна, одржлива, мирна и мултиетничка Босна која живее во мир со соседите и е на пат кон членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG