Линкови за пристапност

vesti 2 - 2004-12-02


Украина

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со украинскиот колега Леонид Кучма и разговараше за контроверзните избори во Украина.

Агенцијата Интерфакс пренесе дека Путин изразил загриженост околу можноста за поделба на Украина, и му се заблагодарил на Кучма за неговите напори за зацврстување на националниот интегритет.

Тој ги критикуваше повиците за повторување на гласањето и истакна дека кризата може единствено да биде решена од украинскиот народ.

Кучма неодамна истакна дека помошта од Русија е неопходна за разрешување на кризата.

Ирак

Истакнати политичари од муслиманите Суни во Ирак уште еднаш повикаа на одложување на изборите на 30-ти јануари, додека продолжува насилството во делови од земјата.

И покрај инсистирањето на премиерот Ијад Алави изборите да се одржат навреме, лидерите на Суните ги повторија повиците за пролонгирање поради нестабилната безбедноста ситуација.

Вчера, САД соопштија дека ќе испратат дополнителни 1.500 војници за Ирак, покрај веќе планираните 10.000 за зајакнување на безбедноста на изборите.

Во меѓувреме, најмалку еден Ирачанец е убиен, а неколкумина повредени во неколку бомбашки напади во Багдад. На север, во Баџи, најмалку двајца припадници на ирачката национална стража се повредени од експолозија на автомобил-бомба.

Израел-Палестинци

Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека ќе се обиде да формира владејачка коалиција со опозиционата Лабуристичка партија.

Шарон зборуваше само еден ден откако ја раскина коалицијата со досегашниот партнер – партијата Шинуи, околу несогласувањата за буџетот во 2005-та. Сега, Ариел Шарон има само контрола на 40 од 120 пратеници во Парламентот.

Шарон изјави дека има намера да ги фаворизира плановите за повлекување од Појасот Газа и Западниот брег идната година – план кој може да му донесе неприлики ако повика на предвремени избори.

XS
SM
MD
LG