Линкови за пристапност

Ричард Баучер: Ниту една одлука на САД не е поврзана со потенцијалната закана за американската амбасада во Скопје  - 2004-11-30


Дали потенцијалната закана за делумно затварање на американска амбасада во Скопје во понеделникот е поврзана со тајмингот на неодамнешните настани: признавање на Македонија под Уставното име од страна на Вашингтон и неуспешниот референдум за децентрализација. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ричард Баучер, изјави:

„Не, не е поврзана со ниту една одлука која неодамна ја донесовме“

Баучер истакна дека американската амбасада во Скопје ги разгледала безбедносната поставеност и одлучила повторно, целосно да биде отворена за јавноста:

„Да, Амбасадата е повторно отворена со нормалните сервиси. Не можам да ги елаборирам спецификите и природата на заканата, изјави гласноговорникот на американскиот Стејт департмент.

XS
SM
MD
LG