Линкови за пристапност

Потенцијална закана - Амбасадата на САД во Скопје делумно затворена на 29 ноември - 2004-11-29


Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер на редовниот брифинг кажа дека Амбасадата на САД во Македонија на 29 ноември била отворена само за есенцијалните услуги, и дека привремено биле прекинати сите услуги за неимигрантски и имигрантски визи, како и неитните услуги за американските граѓани. Тој одговори на новинарско прашање зошто дел од операциите на Амбасадата биле затворени тој ден, и зошто на Американците во Скопје им било кажано да се држат понастрана од Амбасадата и другите претставништва на американската влада.

На новинарско инсистирање дали се работи за некаква закана, портпаролот Баучер кажа: „Да, потенцијална закана по објектите на американската влада. Но, би останал само на тоа“.

„Јас навистина не можам да разговарам за причината, освен да кажам дека се работи за информација што ја добивме локално, а што се однесува на објектите на американската влада. Амбасадата ја разгледува својата безбедносна поставеност и ќе биде отворена во соодветно време, кога нејзините претставници ќе одлучат дека е во ред да се стори тоа“, рече Ричард Баучер.

XS
SM
MD
LG