Линкови за пристапност

Претседателот Буш се надева на правилни потези на украинската Влада - 2004-11-29


Претседателот Буш се надева дека спорот во врска со претседателските избори во Украина ќе биде решен со тоа што украинската влада ќе повлече правилни потези.

„Има многу наводи за изборна измама што ја доведоа во сомнеж валидноста на тамошните избори. Меѓународната заедница посветува големо внимание на ситуацијата. Се надевам дека ситуацијата ќе се реши на тој начин што украинската влада преку своите постапки ќе се здобие со доверба, смета американскиот претседател“, истакна Буш.

Американската влада, како и останатиот дел на меѓународната заедница бара внимателна проверка на наводите за измама на изборите во Украина. Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој наскоро ќе ја напушти функцијата, деновиве беше мошне директен кога кажа дека, цитираме, е време украинските лидери да решат дали се на страна на демократијата или не, и дали ќе ја почитуваат волјата на народот или не.

Американските политички аналитичари сметаат дека од исходот на изборите во Украина зависи и идната ориентација на Русија. Поранешниот советник за национална безбедност и добар познавач на ситуацијата, Збигњев Бжежински неодамна изјави дека доколку во Украина надвладее демократијата, Русија нема друг избор освен да се насочи кон запад и да биде демократија. Доколку демократијата во Украина не успее, вели тој, ќе се разбудат руските империјалистички амбиции, поради што сегашната ситуација тој ја оцени како историски, пресвртен момент за Украина и пошироко.

XS
SM
MD
LG